Здружението за истражување, едукација и поддршка Аутизам Институт – Скопје објавува
П О В И К
За основни училишта за учество на Обука за сертифицирани TeachSpace обучувачи на тема: „Пристапно и квалитетно дигитално образование за аутизам и интелектуална попреченост“во рамките на проектот ISEC-ADE (Пристапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: Иновативни решенија и зајакнување на компетенциите на
едукаторите)
TeachSpace е иновативна веб апликација дизајнирана да го револуционализира дигиталното образование, зголемувајќи ја пристапноста за учениците со аутизам и/или интелектуална попреченост. Обуката за сертифицирани TeachSpace обучувачи има за цел да ги зајакне професионалците кои работат со ученици со аутизам и/или интелектуална попреченост со знаења, вештини и компетенции за креирање пристапни и интерактивни дигитални образовни содржини користејќи ја алатката TeachSpace.
Преку оваа програма, учениците со аутизам и/или интелектуална попреченост ќе имаат придобивки од пристапни, индивидуализирани и интерактивни дигитални образовни ресурси. Вклучувањето на училиштата во оваа иницијатива значително ќе придонесе кон унапредување на инклузивната и пристапна образовна околина.
Погледнете ги критериумите за учество и начинот на пријавување овде.