Бесплатен вебинар по повод 5 години Аутизам Институт
🗓️ 18 октомври 2025 | 🌍 Дел од Erasmus Days
По повод петгодишнината на Аутизам Институт, Ве покануваме на јубилеен вебинар на кој ќе ги претставиме трите најуспешни дигитални алатки:
- TeachSpace – платформа за креирање интерактивни и притапни наставни материјали.
- TeachHub – дигитален центар за професионален развој и ресурси.
- УчимеЕмоции – иновативна алатка за развој на социјално-емоционални вештини.
Вебинарот е наменет за наставници, едукатори, образовни асистенти, дефектолози и сите стручни профили кои работат во областа на образованието.
Вебинарот „Интерактивни дигитални алатки за едукативна поддршка“ се организира во рамките на Erasmus Days 2025 – европска иницијатива која веќе неколку години обединува илјадници настани низ Европа и пошироко. Erasmus Days претставуваат платформа за промоција на добри практики, иновации и резултати од проекти поддржани од програмата „Еразмус+“, како и за поттикнување на меѓународна соработка и размена на искуства во образованието, младинската работа и инклузијата.
Со вклучувањето на овој вебинар во Erasmus Days, Аутизам Институт ја потврдува својата посветеност кон европските вредности на еднаквост, инклузија и пристап до квалитетно образование за сите ученици.
Искористете ја можноста да добиете практични знаења и дигитални вештини и да се запознаете со современи решенија за образованието на учениците со ПОП. Сертификати ќе бидат обезбедени за учесниците кои ќе изразат потреба.
Бројот на учесници е ограничен. Регистрирајте се навреме преку формуларот за пријавување во продолжение и обезбедете го своето место!