Аутизам Институт со големо задоволство ја најавува обуката Примена на стратегии за развој на социјални вештини, која опфаќа:
1. ТРЕНИНГ НА СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ (ТСВ ) и
2. Техники за намалување на предизвикувачко однесување во работа со деца со состојби од спектарот на аутизам и/или интелектуална попреченост
Обуката ќе се одржи на 10 и 11.05.2025, во пердиодот од 9:30 до 14:30 часот. Пријавување преку следниот формулар https://forms.office.com/e/ewcz0x2MgK
Општа цел на обуката:
Зајакнување на компетенциите на учесниците за обезбедување поддршка на деца/ученици со тешкотии во социјалното функционирање, во однос на развој и унапредување на социјалните вештини, како и елиминирање или намалување на предизвикувачкото однесување.
Специфични цели:
- Учесниците ќе стекнат или ќе ги прошират своите знаења за основните теоретски концепти и карактеристики на социјалното однесување кај деца/ученици аутизам и/или интелектуална попреченост во училишен/предучилишен контекст;
- Учесниците ќе се запознаат со методите за проценка на социјалните вештини и бихевиоралните проблеми кај деца/ученици со нарушувања од спектарот на аутизам и/ или интелектуална попреченост;
- Учесниците ќе се запознаат со практични техники за поддршка на социјалното однесување кај деца/ученици со аутизам и/или интелектуална попреченост (програма затренинг на социјални вештини и стратегии за намалување на предизвикувачкото однесување).
Реализатори
Обуката ја водат експерти со долгогодишно искуство во проучување и примена на стратегии за развој на социјални вештини:
- Слободан Банковиќ, доцент на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација, Универзитет во Белград.
- Бранислав Бројчин, редовен професор на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација, Универзитет во Белград.
- Марина Антонијевиќ, дипломиран специјален педагог, Основно училиште „Милоје Павловиќ“
Обуката е наменета за:
- Наставници и образовни асистенти;
- Стручни соработници (специјални едукатори и рехабилитатори, педагози, психолози, социјални работници).