Обука за примена на методот ТСВ – за прв пат во Скопје!

Обука за примена на методот ТСВ – за прв пат во Скопје!

Со особена чест и задоволство, Аутизам Институт ја најавува обуката ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ, која ќе опфати:

  1. Примена на методот ТРЕНИНГ НА СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ (ТСВ), и
  2. Примена на ТЕХНИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМАТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ во работата со деца со аутизам и/или интелектуална попреченост.

Обуката ќе се одржи во Скопје во април 2025 година. Автори и реализатори на програмата се универзитетски професори и истакнати експерти со долгогодишно искуство:

  • Проф. д-р Бранислав Бројчин, Факултет за специјална едукација и рехабилитација (ФАСПЕР), Универзитет во Белград.
  • Марина Антонијевиќ, дипломиран специјален педагог, наставник во основното училиште „Милоје Павловиќ“ во Белград.
  • Доц. д-р Слободан Банковиќ, Факултет за специјална едукација и рехабилитација (ФАСПЕР), Универзитет во Белград.

Учесниците ќе добијат сертификат за завршена обука. Времетраење на обуката: два дена (сабота и недела, во текот на април 2025 година).

Напомена: Уплатата за учество треба да се изврши најдоцна 10 дена пред почетокот на обуката. Сите пријавени учесници навремено ќе бидат известени за формирање на групи за обука, датумите за реализација, локацијата и деталите за уплата.

Scroll to Top